Несторовски со мајсторски удар постигна гол за Палермо! (ВИДЕО)

Палермо денеска игра тежок натпревар против Лече во италијанската Серија Б, а по првото полувреме резултатот беше 1-1.

Екипата на нашите интернационалци Илија Несторовски и Александар Трајковски имаше и предност во дуелот, откако токму Несторовски го отвори резултатот во 29. минута со прекрасен гол.