Несторовски: Секој меч е битка, вака треба да гинеме на секој терен!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски од март годинава никако да даде гол во репрезентативниот дрес, но за Палермо го постигна четвртиот гол во четвртиот меч по ред откако се врати мотивиран да докаже дека не заборавил да стрела по лошиот почеток на сезоната.

Несторовски требаше да си замине од Сицилија летово, но сите опции за трансфер во посилна лига и во поголем клуб се изјаловија, па стартот поради притисокот беше слаб. Сега, Несто-гол повторно влегува во форма и тоа го докажа на гостувањето во Лече постигнувајќи еден од двата погодоци за триумфот со 2-1.

„Вечерва ова беше голем тест за екипата. Секој меч е посебна битка, а ние на ваков начин треба да гинеме на секој терен, само откако ќе дадеме сè од себе и чекор по чекор ќе имаме голема сатисфакција од тоа. Ова е обединет и компактен тим и така ќе биде до крајот“, рекол Несторовски.

Македонскиот голгетер е претивок за националниот тим, иако на стартот на Лигата на нации беше резерва, а како резерва влезе и во Ерменија, каде црвено-жолтите доживеаа вистински срам. Сепак, голгетерската форма, Несто-гол ќе треба да ја одржи за следниот месец, кога се двата клучни мечеви со Лихтенштајн и Гибралтар, кои Македонија мора да ги победи за да го обезбеди првото место и плејофот за Евро 2020.