Несторовски повторно стрелаше, Палермо освои три бода (ВИДЕО)

Денеска се одигра натпреварот помеѓу Лече и Палермо (1-2) во осмото коло од италијанската Серија А, а добар настап имаше нашиот репрезентативец Илија Несторовски.

Несторовски погоди во 29. минута од средбата за почетно водство на неговата екипа, но домаќините по осум минути стигнаа до израмнување на 1-1 преку Андреа Табанели.

Во второто полувреме се играше навистина досаден фудбал, па резултатот остана 1-1 до финишот на дуелот, кога Палермо стигна до трите бода преку Џорџ Пушкаш во 85. минута.

Во моментов Палермо се наоѓа на третата позиција на табелата со 14 освоени бодови од седум одиграни натпревари, односно има исто колку и Верона на втората позиција, која директно носи во Серија А.