Несторовски постигна два гола во убедливиот триумф против Сан Луиџи (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски одигра фантастичен меч за Удинезе во победата од 9-2 против Сан Луиџи.

Несторовски во првото полувреме успеа да се запише двапати во листата на стрелци во рок од четири минути, откако најпрво во 30. минута погоди за 4-1, а во 34. минута зголеми на 5-1.

Македонскиот напаѓач имаше навистина фантастичен дуел, а се очекуваат уште многу добри настапи од него во новата сезона за Удинезе.