Несторовски по 15 месеци даде гол во Серија А (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Илија Несторовски го почна мечот против Салернитана и по цели 15 месеци постигна гол за Удинезе во Серија А, кој му донесе водство на неговиот тим од 2-0.

Несторовски пред две недели конечно заигра во Серија А, откако паузираше неколку месеци поради повреда, па помина 31 минута на теренот, а вечерва конечно го прекина и долгиот период без постигнат гол.

Македонецот последниот гол за Удинезе го постигна лани против Фиренца на 28 февруари, но сега го скрши малерот и се запиша во листата на стрелци во последниот дуел од калчолигата.

Удинезе вечерва е на добар пат да ја запиша 11. победа сезонава, а со тоа ќе се искачи на 12. место на табелата.