Несторовски откри зошто дава голови само на домашен терен во Палермо

Македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски стигна до својот трет сезонски погодок во Сериа Б, откако со неговиот гол Палермо синоќа го победи Кротоне со 1-0, па сицилијанците со меч помалку и 11 бода сега се петто пласирани, четири бода зад лидерот Пескара.

Несторовски летово требаше да си замине од Палермо, но трансферот не се реализира, па остана дел од клубот каде веќе две години беше најдобар стрелец. И по погодокот, прилепчанецот освен што посочи дека Палермо заслужено победи, откри и зошто дава голови барем засега на домашен терен.

„Ова беше важна победа. Бевме агресивни и заслужено победивме. Голот на свој терен е зошто јас само играм на домашни мечеви. Само во Бреша јас играв надвор од дома како стартер“, потенцираше Несторовски.

Од завршувањето на летниот преоден рок, Несторовски одигра 19 минути со Кремонезе, па три минути со Фоџа, каде главна ѕвезда беше Александар Трајковски, а резерва беше и на мечевите за Македонија со Гибралтар (45 минути) и Ерменија (22 минути) во победите со по 2-0. Сега откако даде три гола на последните три меча, Несторовски најави дека е максимално подготвен за да го даде својот придонес за националниот тим кој нови две победи во Лигата на нации на претстојните мечеви со Лихтенштајн во Скопје в сабота и со Ерменија идниот вторник во Ереван.

„Ние знаеме што се бара од нас и оваа недела откако дојде беше мирна. Го најдовме вистинскиот баланс. Работниме со многу ентузијазам и сето ова е одлична работа. Треба да победуваме“, вели Несторовски.

Македонија денеска попладне ќе се собере за претстојните два меча во Лигата на нации, а викендов одлични настапи од избраниците имаа Енис Барди со прекрасен гол, како и Езгјан Алиоски со нова асистенција, како и Иван Тричковски со новиот гол за АЕК Ларнака во четвртокот во Лига Европа.