Несторовски ќе има нов шеф – Удинезе го избрка Готи

Македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски ќе има нов шеф на клупата на Удинезе, откако вечерва и официјално италијанскиот калчолигаш го избрка досегашниот тренер Лука Готи, кој не му даваше многу минути на нашиот репрезентативец.

Готи добива отказ поради слабите настапи и резултати на црно-белите, па Удинезе вечерва му се заблагодари на досегашната работа и сега ќе бара нов кормилар кој ќе треба да го крене тимот.

Откако Несторовски се врати после седум месеци пауза поради повреда на коленото пред еден месец, дури викендов Готи му даде шанса да одигра некоја минута калчолигашки фудбал.