Несторовски им се врати на головите – осми сезонски во дресот на Палермо (ВИДЕО)

После промашениот пенал во минатата недела, Илија Несторовски им се врати на головите за негов осми сезонски погодок, денеска за Палермо против Карпи во италијанската Серија А. Несторовски убаво погоди за водство на сицилијанците со 2-0, а претходно му асистираше на Фалети за водство на својот тим.