Несторовски го одржува Палермо во битката за Серија А (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски повторно беше еден од клучните фудбалери на Палермо, па со гол го водеше својот тим до голем триумф на гостувањето кај Беневенто со 2-1 со што сицилијанците останаа во игра за директен пласман во Серија А.

Несторовски погоди на три минути пред крајот на полувремето, а Пушкаш ја обезбеди победата на девет минути до крајот, по што Палермо стигна до 56 бода, еден помалку од Лече, но овој тим има и меч повеќе од сицилијанците, а лидерот Бреша има исто 57 бода како и Лече, но со меч помалку од Палермо.

За Палермо ова е втор триумф во низа, сега остварен против еден од директните конкуренти на гостински терен, па до крајот на сезоната, тимот на Несторовски и Александар Трајковски ги очекува дуели со Падова (дома), Ливорно (гости), Пеција (дома), Асколи (гости) и Читадела (дома).