Несторовски донесе водство, но Палермо загуби од Фоџа (ВИДЕО)

Екипата на Палермо прокоцка победа на домашен терен со која можеше да се израмни на врвот со Емоли и Фросиноне во Серија Б. Сицилијанците загубија со 1-2 и покрај тоа што Несторовски им донесе водство.

Второто полувреме беше навистина возбудливо на „Ренцо Барбера“. Палермо поведе со голот на Несторовски од пенал во 65-тата минута, кој и самиот го изнуди.

Сепак, само неколку минути подоцна неговиот соиграч Игор Коронадо направи глупост. Стартуваше остро и заработи директен црвен картон. Гостите тоа веднаш го искористија и набрзина направија пресврт и поведоа со 1-2 со головите на Дуамел и Крагл. Несторовски можеше да му донесе реми на својот тим, но по еден одличен удар со глава ја погоди само пречката од голот на гостинот.

За Палермо ова беше втор пораз по ред и сега се наоѓа на третата позиција на табелата со 43 бодови или три помалку од Емполи и Фросиноне.