Нешто чудно се случува со шпанскиот шампион: Гранада ја шокираше Барса! (ВИДЕО)

Екипата на Барселона претрпе неочекуван пораз на гостувањето во Гранада (2-0), во рамки на 5. коло од шпанската Ла Лига.

Домаќинот рано дојде во водство, уште во втората минута од натпреварот со голот на Арез. На почетокот од вториот дел Ернесто Валверде мораше да го внесе во игра и нецелосно рехабилитираниот Меси, но и со него, „каталонците“ не успеаја да го свртат резултатот во своја корист, па Гранада во 65. минута преку Вадиљо од пенал само ја запечати победата против актуелниот шампион.

Изненадувачки, Гранада е прва на првенствената табела со десет бода, додека Барселона го претрпе и вториот пораз и е седма со само седум бода.

Инаку, според многу стручњаци, Барселона моментно го има најмоќниот тим во историјата на фудбалот, но засега избраниците на Валверде тоа не го покажуваат на терен.