Неочекувано: Легендарниот Милошевиќ седнува на клупата на Партизан!

Се најавуваше дека Жарко Лазетиќ или пак Илија Столица ќе седнат на клупата на Партизан, но какошто пренесува „Новости“ Саво Милошевиќ е изборот за клупата на „црно-белите“.

Партизан е спремен да ризикува, по оставката на Зоран Марковиќ. Тимот во моментов го предводи помошникот на Марковиќ, Жарко Лазетиќ, но се очекува во наредните ден, два, претседателот на клубот Милорад Вучелиќ официјално да го промовира Милошевиќ за нов предводник на „црно-белите“.

Милошевиќ досега нема ниту едно искуство како прв тренер. Се што досега има како искуство е тоа што му беше помошник на Бранко Брмовиќ во националниот тим на Црна Гора.

Новиот тренер на Партизан, беше фантастичен голгетер додека настапуваше како фудбалер. На 98 одиграни натпревари, имаше постигнато 34 голови. Дали ќе се снајде и како тренер, останува да се види.