(Не)очекувано: Герет Бејл донел одлука каде ќе игра во новата сезона!

Велшката ѕвезда Герет Бејл донел конечна одлука каде ќе игра во следната сезона, откако повеќе од шест месеци светските медиуми постојано го преселуваа од таборот на европскиот првак Реал Мадрид.

Очекувано или не, но по заминувањето на Зинедин Зидан и ангажманот на доскорешниот шпански селектор Хулен Лопетеги за негов наследник, Бејл решил да остане на „Сантјаго Бернабеу“. Така барем пишуваат шпанските медиуми, повикувајчи се на добро информирани извори.

Наводно Бејл решил да остане во Реал затоа што Зидан си заминал и сега сака да се обиде повторно да се избори за првотимски статус во „кралскиот клуб“, нешто што во последно време го немаше кај Зизу. Велшанецот беше херој на Реал во хет-трикот што „кралевите“ го направија во ЛШ, кога со два гола го одведе Реал до триумф за нова европска титула против Ливерпул (3-1) во Киев.

Него го поврзуваа со трансфер на Островот, наводно најзагреан беше Манчестер јунајтед, а се споменуваше и враќање во Тотнем, но откако ги даде двата гола во киевското финале, Флорентино Перез објави дека цената за некој да го купи е – 250 милиони евра. Што, практично и ги избрка заинтересираните клубови за услугите на Белј.

Засега нема информации дали Бејл веќе разговарал со Лопетеги за неговата иднина или Велшанецот сака да се наметне кај својот нов шеф.