Нема така „лесно“ да поминат: Премиерлигашите бараат уште една казна за Сити

Манчестер сити го очекува борба со УЕФА во Лозана, а треба и Премиерлигата да направи истрага за кршење на правилата од страна на гигантот, кој би можел да се соочи со уште една казна.

Англиските медиуми пишуваат дека премиерлигашите одржале состанок и тие сметаат дека Сити треба да добие казна, која најверојатно ќе биде парична и ќе им бидат одземани бодови.

Во секој случај, на потег е раководството на Премиерлигата, кое треба да го истражи случајот и да донесе конечна одлука.