Нема мирно да спие: Роналдо го загуби предизвикот од Семенија! (ВИДЕО)

Бројни спортисти се вклучија во предизвикот за тоа кој ќе направи повеќе стомачни за 45 секунди.

Прв на потег беше Роналдо, кој успеа да дојде до бројката од 142, што причини големо воодушевување кај фудбалските фанови покажувајќи за каков мајстор се работи.

По него, во предизвикот се вклучија многу спортисти  кои се обидоа да го соборат фудбалерот на Јувентус, но безуспешно, се додека не се појави јужноафриканската атлетичарка - Кастер Семенија (29). Таа за 45 секунди успеа да направи 176 стомачни, односно варијација на стомачни, што е навистина одличен резултат.

Инаку, на Семенија и е забрането да се натпреварува на големите атлетски натпреварувања поради преголемото количество на тестостерон.

Семенија е двократна олимписка шампионка (2012, 2016) на 800 метри, а три пати во истата дисциплина го освои светското злато (2009, 2011 и 2017 година). Но, предизвика големо внимание заради тешките обвиненија на одреден противнички од атлетските патеки и дел од навивачите дека заради машкиот изглед и длабокиот глас и брзиот напредок е хермафродит или маж. Токму затоа беше подложена на разни тестирања, а одредено време воопшто не се ни натпреваруваше.