Нема место за него во Јувентус: Во најава е кам - бек на Емре Џан 

Играчот од средниот ред на Јувентус, Емре Џан, нема да добие голема шанса да се покаже во тимот од Торино оваа сезона, бидејќи „бјанконерите“ имаат неколку играчи пред него во изборот за првите единаесетмина, па поради тоа се најавива дека ќе се врати во тимот каде што ја започна кариерата - Баерн од Минхен.

Италијанскиот шампион не успеа да ги продаде Сами Кедира и Блеиз Матуиди, а Германецот импресионираше за време на подготовките и ќе се потпира на него.

Баерн и ПСЖ испратиле барање за Џан, а Маурисио Сари е подготвен да се раздели со него. 25-годишниот фудбалер премина на стадионот „Алијанц“ минатото лето како слободен агент од Ливерпул. Во својата прва сезона во Торино, тој одигра 37 натпревари и постигна четири гола.

Сега, сепак, Јувентус има премногу играчи во центарот на теренот и едвај чека да се раздели со некои од нив. Покрај Кедира и Матуиди, во составот се и новодојдените Арон Ремзи и Адриен Рабио, како и Пјаниќ и Бентанкур.