Нема крај на срамовите на Реал Мадрид: „Кралевите“ потопени од Вилјареал (ВИДЕО)

Нема крај за срамовите на шпанскиот шампион Реал Мадрид, откако „кралскиот клуб“ денеска доживеа нов пораз во шпанската Ла Лига, па Вилјареал си замина од престолнината со три бода по триумфот со 1-0 со гол во самиот финиш од мечот преку Пабло Форналс.

Чашата веќе се прели за трпението на раководството на мадридскиот великан за тренерот Зинедин Зидан, па сега прашање е само дали Флорентино Перез ќе му врачи отказ на францускиот стратег по серијата неуспеси по кои „кралевите“ веќе на полусезона ја загубија титулата.

Како и досега Реал немаше муниција, првата ѕвезда Кристијано Роналдо повторно беше тивок, па капак на се дојде голот на Форналс на две минути пред крајот за голем триумф на „жолтата подморница“. Реал имаше игра, неколку шанси, но повторно реализацијата затаи, а сето тоа го казни гостинот.

Со новиот пораз, трет неуспех во серија во Ла Лига, Реал остана четвртопласиран со 32 бода, но сега Вилјареал со триумфот опасно им се приближи на само бод во битката за места во Лигата на шампионите. Севилја со меч помалку има шанса бодовно да го стигне „кралскиот клуб“, а Барселона е неприкосновена на врвот.