
Некои се мачат да најдат еден, а австриски клуб нареди 23 спонзори на дресот!
Пред стартот на минатата сезона Хартберг беше хит откако стави 15 различни спонзори на дресот, но овојпат ја крена летвичката.
На горниот и долниот дел од дресовите тие за новата сезона имаат дури 23 спонзори, што веројатно е рекорд во светот на спортот.
Некои клубови мака мачат да најдат еден спонзор, а овој австриски клуб го пополни цел дрес со спонзори.