Нејмар во нови проблеми поради неплаќање данок

Бразилските медиуми пишуваат дека ѕвездата на ПСЖ, Нејмар останал со блокирана сметка поради неплаќање на данок. Блокирани биле 36 недвижнини кои се на име на бразилскиот фудбалер, неговото семејство или на име на неговата фирма.

Шпанските власти со таквиот потег сакаа да се осигураат дека Нејмар ќе го плати данокот, а спорен е во период кога во 2013 година се пресели од Сантош во Барселона.

Каталонскиот клуб плати 40 милиони евра на компанија, чија била во сопственост на Нејмар. Властите, од друга страна, велат дека тие пари требало да одат директно во раце на фудбалерот, иако на тие пари треба да се плател данок од вкупно 27,5%, додека Нејмар така платил само 17%.