Нејмар во документарецот на Нетфликс откри зашто сакал да се врати во Барселона

Бразилската ѕвезда на Пари Сен Жермен и најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар, кого „светците“ го платија 222 милиони евра за да го земат од Барселона во летото 2017 година, откри во документарецот на Нетфликс дека сериозно размислувал да се врати во Каталонија, нешто за кое медиумите пишуваа во изминатиот период.

Иако до летоска сите такви најави дека Нејмар сака да се врати во Барса беа посочувани како чисти шпекулации, сепак Бразилецот откри дека сериозно размислувал на таа тема, после неуспесите со парижаните да дојде до трофеј во Лигата на шампионите.

„Почувствував во еден момент дека се чувствувам многу подобро на друго место. И сето тоа не беше ништо против клубот или против навивачите во Париз, туку едноставно чувство“, вели Нејмар.

Тој посочи дека работите отишле дотаму да неговиот татко веќе почне преговори со Барса, но до договор не дојде, а освен носталгијата кон Барселона, како фудбалски, така и за животот поради подобрата клима, желбата му била повторно да игра со Лео Меси. Но, Аргентинецот поради веќе познатите проблеми на Барса со финансиите и неможноста да го регистрира, дојде кај Нејмар во ПСЖ.