Нејмар со нови услови до ПСЖ - проблем се тренерот, Кавани и средниот ред!

Нејмар не престанува да поставува услови во ПСЖ, а сега има најнови барања.

Главен проблем е тренерот Унаи Емери, кој не му дава шанса да игра на Тијаго Силва, а овој на Нејмар му е ментор и голем пријател и поради тоа се очекува Емери да го извлече најдебелиот крај.

Ал-Келаифи тврди дека Бразилецот 200% останува во Париз, но во француската престолнина стравуваат дека би можел да предизвика други пролеми во клубот од неколку причини.

Прве е тренерот, и тоа е јасно, интересно е дека Нејмар побарал од клубот да го донесат Мурињо, но со оглед на тоа дека Португалецот го продолжил договорот со Јунајтед, тоа е нереално да се очекува.

Вториот услов на Нејмар е заминувањето на Кавани и тоа не е тајна, и самиот Уругваец сака да го напушти клубот, но тешко дека со оглед на неговата возраст ПСЖ ќе добие голема сума. Како наследници се споменуваат, Икарди, Бензема, дури и Дибала, но сето тоа се шпекулации.

Третиот услов е поврзан со ангажманот на нови играчи од средината на теренот, односно играчи за позиции на кои најмногу чкрипи, а тоа најдобро се виде и на дуелот против Реал.

Нејмар ќе продолжи да флертува со Реал, иако јавноста очекува од наредното лето да го гледа во Мадрид, бидејќи Перез најави понуда од 300 милиони евра.

Ова е светот на Нејмар во кој владеат само неговите правила...