Нејмар се враќа во Барселона: Преговорите во полн ек, за ПСЖ три играчи и 100 милиони евра!
Нејмар од поодамна не е задоволен во Париз и сака да се врати во ПСЖ, а во последните денови првиот човек на парижаните Насер Ал Келаифи и Бразилецот се во отворена „војна со зборови“, па сето тоа е само најава дека трансферот речиси да е пред реализација. Нејмар замина во ПСЖ во август 2017 година за рекордни 222 милиони евра и сега сака да се врати во Каталонија, а веќе на раководството на францускиот тим им порачал дека сака трансфер.
Според бразилскиот медиум, Барселона бара начин како да го откупи Нејмар и веќе е познат планот. Покрај чистите 100 милиони евра да ги прати Осман Дембеле, Иван Ракитиќ и Самуел Умтити во француската престолнина.
Барселона го договори Френки Де Јонг уште во јануари, се најавува ангажман и на Матијс Де Лихт, кој ако дојде Умтити би бил прекуброен, а ангажманот на Ентоан Гризман би го ставил ептен во втор план Дембеле.