Нејмар се соочува со суспензија по синоќешниот инцидент (ВИДЕО)

ПСЖ синоќа стигна до тешка победа од 2-1 на гостувањето кај Мец и тоа со голот на Ашраф Хакими во 95.минута. 

По голот настана општ хаос, бидејќи Килијан Мбапе дотрча до противничкиот голман Александре Укиџа и го провоцираше. Укиџа не остана должен и се стрча кон фудбалерите на ПСЖ, кои го славеа погодокот.

Реагираше Нејмар, кој го турна голманот на земја. Главниот судија му покажа само жолт картон на Бразилецот, но во француските медиуми се најавува построга казна за ѕвездата на парижаните.