Нејмар погоди три пати во рамката од голот - па Баерн казни (ВИДЕО)

Баерн Минхен води против ПСЖ на „Паркот на принцовите“ со минимални 1-0 благодарение на голот Максим Чупо-Мотинг во 40-тата минута. 

Нејмар дури три пати ја погоди рамката од голот на Мануел Нојер, па Французите беа казнети на спротивната страна и тоа од поранешниот свој играч.

Вкупниот резултат сега е 3-3, но ПСЖ и натаму е во предност поради победата од 3-2 во Минхен минатата недела.