Нејмар отвори уста и ги збуни сите!

Најскапиот фудбалер на светот, Бразилецот Нејмар, го пропушти најголемиот дел од оваа сезона поради повреда, но таа сега е минатп, па полека доаѓа на своето препознатливо ниво.

Тој синоќа постигна гол против Галатасарај и на два пати асистираше, а интересно е што одби да го шутира пеналот препуштувајќи ми ја таа можност на Единсон Кавани.

По натпреварот, француските новинари го прашаа за овој неочекуван потег, а добија одговор што никој не очекуваше од бразилската ѕвезда.

За себичноста нема место во фудбалот. На Еди му беше потребен гол. На крајот сите напаѓачи погодија и ссите среќни си заминуваме дома, истакна Нејмар, изненадувајќи ги сите присутни.