Нејмар објави слика од детството: Од бедотијата во фавелите до светските ѕвезди...(ФОТО)

Бразилската суперѕвезда Нејмар лани за неверојатни 222 милиони евра постави светски рекорден трансфер со преминот од Барселона во Пари Сен Жермен, па во француската престолнина стигна и како еден од најплатените фудбалери со 30-на милиони евра годишна плата.

Нејмар во Европа дојде од легендарниот клуб на Пеле, Сантош, па преку Барселона и пет години минати во Каталонија стигна да биде најскап светски фудбалер. Од сиромашните фавели избега преку фудбалот со својот талент, па сега е вистински богаташ. И Нејмар на социјалните мрежи објави фотографија од младоста, како дете од подмладокот на Сантош.

Тогаш уште дете, од сиромашно семејство, растен во фавелите во Сао Паоло...

„Во тоа време имав луди соништа, ама никогаш не знаев дека можам да постигнам многу повеќе од тоа што го замислував. Му благодарам на Бог што ни го даде овој талент и љубовта кон фудбалот. Моето име е – фавела!“, напиша Нејмар.