Нејмар месечно плаќа по 90.000 евра за да ја зачува работата на 142 работници!

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар често знае да ги нервира противниците на теренот, како и навивачите со неговите потези, но во приватниот живот ја покажа добрата страна.

Бразилецот имаше Институт во татковината, каде што вработените се грижеа за 3.000 деца, но поради пандемијата мораше да биде затворен привремено во март 2020 година.

Нејмар не ги отпушти работниците, туку од тогаш до денес им даваше плата, а им плаќаше и здравствено осигурување и тоа го чини околу 90.000 евра месечно.

Неговиот татко кажа дека Нејмар ги обезбедува парите за вработените и така ќе биде и во иднина.

„Сите ќе ја зачуваат работата, работниците добиваат плати и така ќе биде без оглед на тоа што владее пандемија. Сакаме да помогнеме во оваа борба“, вели таткото на Нејмар.