Нејмар има начелен договор со Реал Мадрид за 2019 година

Шпекулациите за трансфер на Нејмар во редовите на Реал Мадрид изминатото лето запреа во моментот кога шпанскиот клуб објави официјално соопштение дека Бразилецот не е нивна трансфер-цел.

Денеска францускиот поратал „Ле10Спорт“ почна нова рунда шпекулации, откако објави дека Нејмар и Реал Мадрид имаат начелен договор за трансфер во летото 2019 година.

Наводно, таткото на Нејмар изминатиов период бил во постојана комуникација со Флорентино Перез, првиот човек на „кралскиот клуб“ и веќе ги договориле деталите за неговиот договор. Реал Мадрид нема проблем да го направи Бразилецот најплатен фудбалер во светот, но сега останува потешкиот дел - да се убеди ПСЖ да го продаде фудбалерот.

Не е преголема тајна дека Нејмар не е пресреќен во Париз. Тој и натаму сака да се врати во Шпанија каде играше во врвна форма во дресот на Барселона, а стилот на игра во Ла Лига исто така му беше многу подопадлив.

Останува да видиме дали Нејмар навистина во 2019 ќе го облече дресот на Реал Мадрид.