Неапол зоврива: Голема ѕвезда од Баерн доаѓа под Везув?

Колумбиската ѕвезда Хамес Родригез можно е многу брзо да замине од Баерн Минхен и покрај неговите желби да остане во Баварија, откако медиуми низ Европа најавија дека веќе во јуни постои опција да си оди од баварскиот великан.

Родригез до Баерн дојде на двегодишен заем од Реал Мадрид, но првотимски статус има периодично, иако во најголем дел од мечевите ки ги игра посебно ја задоволува германската јавност и навивачите на Баерн. Но, сега како што најавуваат некои медиуми, тешко е за верување дека Баерн ќе го откупи, а ниту Реал Мадрид не е заинтересиран да го задржи, па веќе во ред застанале два италијански калчолигаши.

Менаџерот на Колумбиецот, Жорге Мендеш, еден од најмоќните луѓе во фудбалот во моментов веќе бара нов клуб за Хамес, а Јуветус и Наполи се засега во преден план. И тоа Наполи многу повеќе затоа што тренер е Карло Анчелоти, а Родригес играше најдобро во Реал токму додека на кормилото беше италијанскиот стратег. Плус Анчелоти има добри односи и со Мендеш, па засега вицепрвакот е прв фаворит за да го ангажира плејмејкерот.

Од друга страна Јувентус исто така има добар однос со Мендеш, особено откако дојде Кристијано Роналдо, но прашање е дали Колумбиецот ќе се согласи да дојде во клуб каде нема да му биде гарантиран првотимскиот статус, што е поверојатно дека ќе го има под Везув.