Неапол го чека, а Елмас се врати во Истанбул и порача: Не знам ништо за мојот трансфер!

Иако вчера италијанските медиуми објавија дека македонскиот бисер Елиф Елмас веќе се договорил со италијанскиот вицепрвак Наполи и дека ќе стане најскапиот македонски фудбалер во историјата за трансфер вреден 18 милиони евра (15 милиони евра за трансферот и три милиони евра во бонуси), фудбалерот за врска денеска наместо под Везув се врати во Истанбул.

 

Елмас беше на одмор во Грција, па сега ќе се приклучи на тренинг-кампот на Фенербахче, а на аеродромот беше дочекан како ѕвезда.

„Не знам ништо за мој трансфер. Јас се приклучувам на кампот на Фенербахче“, изјавил Елмас.

Вчера италијанските медиуми најавија дека денеска Елмас ќе дојде на лекарски прегледи во Неапол, а потоа и да го потпише договорот. Ама, очигледно дека трансферот барем засега е на стенд бај зашто устниот договор за трансфер помеѓу двата клуба не е официјално реализиран.

Останува да се види дали брзо истиот ќе биде завршен или во „пет до 12“ ќе се случи пресврт. Во Неапол вчера се славеше по информациите дека Наполи го купи македонскиот бисер, но...