„Не смееме да бидеме жртви во Торино“

Фудбалерите на Лион синоќа забележаа минимална победа од 1-0 над Јувентус во рамки на осминафиналето во Лигата на шампиони.

Ова е еден најпосакуваните резултати за тренерите кога се во прашање ваквите натпревари - победа без примен гол. Но, работата е далеку од завршена, па Лион ќе мора на реваншот да одигра уште еден одличен меч доколку сака да се пласира во четвртфиналето.

По натпреварот, Хусем Ауар, кој беше асистент на единствениот гол за Лион, кратко зборуваше пред медиумите. Исто така, вчера се појавија информации дека челниците на Јувентус го „скаутирале“ Ауар и ќе се обидат да го реализираат трансферот на овој играч во иднина.

Тоа беше вистински тимски настап. Знаевме дека не сме фаворити, но приживме силна партија. Сепак, има реванш, не смееме да брзаме. Сите предиспозиции за пласман понатаму ни се тука, но само првото полувреме заврши, ништо не е решено... Важно е да одиме во Торино со голема амбиција и да не бидеме жртви. Мораме да одиме таму со поголема самодоверба, истакна Ауар.