Не се појави на погребот на Жота, а сега покажува и неблагодарност кон Ливерпул!

Пред извесно време цел Ливерпул беше со Луис Диаз кога неговиот татко беше киднапиран во Колумбија, а фудбалерот за сета таа поддршка враќа на најнизок можен начин.

Колумбискиот фудбалер наместо да отиде на погребот на Жота кој беше еден од првите кои покажаа емпатија кон Диаз кога татко му беше киднапиран, тој се забавуваше во својата земја.

Навивачите на Ливерпул му порачаа да не ни доаѓа на Енфилд, а се чини дека и така ќе биде. Луис Диаз притиска да направи трансфер во Баерн Минхен и тоа на груб начин.

Ливерпул веќе одби една понуда на Баерн Минхен за трансфер на Диаз, а фудбалерот сега поставува ултиматум и самиот бара трансфер, нешто што може да влијае негативно за црвените во преговорите со Баварците кои ќе гледаат да дадат што е можно помалку пари.

Наводно Баерн Минхен подготвува втора понуда која ќе ја достави до Ливерпул. Тие веќе имаат договор со фудбалерот за личните услови.

Баерн се надева дека Ливерпул ќе ја прифати втората понуда по бунтот на Диаз кој се однесува со големо непочитување кон англискиот клуб.