„Не сакам повеќе да играм за ПСЖ, сакам да се вратам дома“

Францускиот шампион ПСЖ, наводно, е подготвен во летниот преоден рок да се откаже од услугите на најскапото засилување во светот, Нејмар.

Бразилецот во последно време има големи проблеми со законот, па во моментов против негов се водат четири процеси, меѓу кои и случај за силување.

„Мундо Депортиво“ утринава на својата насловна страна ги објави зборовите на Бразилецот, кои наводно му ги кажал на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.

Нејмар, наводно, му кажал дека сака да се врати дома, односно Барселона, кадешто повторно сака да соработува со Лионел Меси.