Не е само престиж: Интер откри колку ќе ќари од градското дерби

Фудбалот одамна стана бизнис, а нероазурите вечерва ги собираат плодовите од тој факт.

Вечерва се игра големото Дерби дела Мадонина помеѓу Милан и Интер, една од најголемите градски пресметки на светот.

Со децении наназад сме биле сведоци на фантастични и не баш атрактивни дуели помеѓу росонерите и нероазурите, но едно е сигурно - возбудувања нема да недостигаат.

Особено ако се знае дека „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ секогаш е полн до последното место, а така ќе биде и вечерва од 20:30 часот, кога Интер ќе биде номинален домаќин, а клубот откри дека се продадени 78.725 влезници.

И не само тоа, Интер транспарентно објави дека приходот од продажбата на влезници изнесува повеќе од пет милиони евра!