Не е ПСЖ, ни Сити: Кој гигант потроши безмалку милијарда евра за пет години на трансфери? (ФОТО)

Трансфер лудилото кое се случуваше во последните пет години веројатно нема во блиска иднина да се повтори, барем според прогнозите и проценките на фудбалските експерти и финансиските стручњаци, најмногу поради пандемијата со коронавирус.

Арно ама, ако се погледнат бројките на пари потрошени на трансфери само во последните пет години човек буквално глава ќе го заболи, а тоа што е најинтересно е податокот дека најмногу од сите не потрошиле „модерните гиганти“, ПСЖ и Манчестер сити, кои со петро-доларите од арапскиот свет изградија екстремно моќни клубови.

Според анализата клуб кој безмалку потрошил една милијарда евра на трансфери во последните пет години или во просек по 200 милиони годишно е италијанскиот великан Јувентус. Трошокот на засилувања им е 996 милиони евра.

Зад нив е Сити со 972 милиони, па Барселона со 952 милиони, четврти е Манчестер јунајтед со 836, а петти ПСЖ со 813 милиони, од кои половина се само на двајца играчи Нејмар и Килијан Мбапе.

Најдобрата десетка ја комплетираат Челси, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Арсенал и Ливерул. Тоа што е најинтересно е што Баерн Минхен не е ни во „топ 10“, а веројатно за Баварците на ова последно место меѓу гигантите им е податок за гордост, зашто и со помали трошоци се секогаш во врвот на европскиот фудбал.