Навивачите воодушевени: Јунајтед го доби „новиот Бекам“ (ВИДЕО)

Фудбалската јавност неодамна беше во шок кога на клупата на Манчестер јунајтед се појави Тахит Чонг, кој дотогаш не беше познат за навивачите.

Жозе Мурињо реши неколкупати да го повика во првиот тим, но на теренот не доби шанса. Чонг игра за резервниот тим на „ѓаволите“, каде што ги воодушеви фановите на мечот против Фулам.

Овој 19-годишен фудбалер стигна во Јунајтед пред три години од Фејенорд, па покажа уште еднаш зошто англискиот гигант го ангажираше.

Чонг постигна фантастичен гол од слободен удар и така потсети на легендарниот Дејвид Бекам.