Навивачите во транс: Лука Модриќ се согласил да премине во Интер!?

Во последните неколку дена медиумите пишуваат дека Лука Модриќ би можел да премине во Интер, а молчењето од негова страна за целата ситуација ги стави во дилема и навивачите на Реал Мадрид.

Италијанските медиуми утринава пишуваат дека Модриќ се согласил на трансфер во редовите на „нераѕурите“ и има намера тоа да му го соопшти утре на Флорентино Перез. Инаку, Хрватот вчера се врати во Мадрид по долга пауза поради Мундијалот во Русија.

Сега ќе има шанса да зборува со претседателот Перез и наводно да му ја соопшти одлуката, а „Калчомеркато“ пишува дека Лука го привлекла добрата финансиска понуда на Интер, зашто планираат да му плаќаат 10 милиони евра годишно и ќе добие договор на четири сезони.

Со тоа Хрватот би станал втор најплатен играч во италијанската Серија А, веднаш зад Кристијано Роналдо.