Навивачите во транс: Ибрахимовиќ се враќа во Шпанија!?

Златан Ибрахимовиќ игра прекрасно во дресот на Лос Анџелес галакси, а со денешниот погодок го доближи својот тим на чекор до место кое води во плејофот, а сега се „загреаа“ шпекулациите дека Швеѓанецот наскоро ќе замине од САД.

Шпанските медиуми пишуваат дека Ибрахимовиќ ќе се врати во Шпанија, но ќе игра за најголемиот ривал на Барселона, односно ќе настапува во Реал Мадрид.

„Кралевите“ се соочуваат со голема криза, па претходно немаа постигнато гол дури осум часа и една минута, пред тоа да им успее во поразот од Леванте со 1-2 и тоа им беше четврти пораз во последните пет средби.

По заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, повеќе ништо не е исто на „Сантјаго бернабеу“, па поради тоа наводно Реал ќе се обиде да го ангажира Ибрахимовиќ во јануари.

Шведскиот голгетер неодамна наполни 37 години, а има договор со Галакси до 2019. година. Сепак, не се исклучува можноста да замине од САД, но постои мала веројатност дека ќе се пресели токму во Реал, односно поголема е шансата да заигра за Милан.