Навивачите порачаа: Севилја не е за продажба (ВИДЕО)

Дел од навивачите на Севилја синоќа на дуелот против Краснодар во Лигата на Европа протестираа против продажба на клубот. 

Низ шпанските медиуми се шпекулира дека американскиот бизнисмен Роберт Крафт е многу близу да ја купи Севилја. Тоа не им се допаѓа на навивачите, кои не сакаат да го видат клубот во рацете на човекот кој го поседува и НФЛ-тимот Њу Ингланд пејтриотс.

Навивачите држеа шалови со натпис, „Севилја не е за продажба“.