Навивачите на Реал го критикуваа Марсело, а тој веднаш им одговори! (ФОТО)

Реал Мадрид вчера беше изненаден на домашен терен, откако загуби од Џирона со 1-2, па така ја прекинаа добрата серија во шпанската Ла Лига.

„Кралевите“ сега имаат девет бода помалку од лидерот Барселона, а зад второпласираниот Атлетико Мадрид се два бодови, па навивачите се разочарани.

Многу критики пристигнаа од навивачите, но јавност во последно време не е задоволна од Марсело, кој не игра на свое ниево, па тие објавија податок дека Реал победил само еден меч во последните девет кога настапувал Бразилецот.

Сепак, Марсело реши веднаш да им одговори на навивачите.

„Тоа е моја грешка. Одиме понатаму!“, напиша Бразилецот.