Навивачите на ПСЖ збеснаа: Зошто Нејмар вчера бил во Барселона!? (ФОТО)

ПСЖ минатиот викенд ја продолжи доминацијата во француската Лига 1, откако го победи Амиен со 5-0, а натпреварот го пропушти најскапиот играч во историјата на фудбалот, Нејмар.

По репрезентативната пауза Нејмар се врати во Париз, но не настапи против Амиен, па тоа дополнително ги „загреа“ шпекулациите дека наскоро ќе си замине од Париз.

Француските медиуми шпекулираа дека Бразилецот ќе се врати во Шпанија, но Нејмар ги демантираше новинарите, па кажа дека тоа се само обични лаги.

Сепак, вчера бразилската ѕвезда реши да ги посети поранешните соиграчи во Барселона, а тоа ги налути навивачите, кои се прашуваат зошто Нејмар морало да замине во Каталонија.