Навивачите на Милан ги „изгореа“ ултрасите на Интер! (ВИДЕО)

Синоќа беше одиграно најголемото дерби во Милан помеѓу екипите на Интер и Милан, а „нераѕурите“ стигнаа до трите бода дури во 92. минута преку Мауро Икарди.

Сепак, вистинска војна се водеше на трибините на стадионот, каде што навивачите направија спектакл со своите кореографии.

Пред натпреварот навивачите на Интер од својата северна трибина на „Меаца“ имаа змија, симбол на нивниот клуб, но веднаш следуваше одговор од другата страна, односно „росонерите“ имаа кореографија како ја скинаа змијата на „нераѕурите“.