Навивачите на Малме се откажаа од Ибра: Твојата статуа повеќе не значи ништо!

Златан Ибрахимовиќ купи акции во шведски Хамарби, па легендарниот напаѓач стана еден од сопствениците на клуот.

Швеѓанецот порача дека ќе се обиде да го направи Хамарби најдобар клуб во Скандинавија, а тоа не им се допадна на навивачите на неговиот поранешен клуб Малме.

„Ибра го загуби своето значење во Малме. Мислевме дека ќе бидеме среќни поради тоа што го направи, но не сме. Неговата статуа повеќе не значи, зшто сака друг клуб да биде подобар од тој кој го изгради како фудбалер. Тој сега е само фудбалер, кој е продаден за 80 милиони круни“, порачаа навивачите.