Навивачите на Јунајтед се разочараа кога слушнаа кој ќе го замени Де Хеа

Шпанскиот чувар на мрежата Давид де Хеа летово речиси сигурно ќе го напушти Манчестер јунајтед, а засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, иако најсериозен кандидат за неговиот потпис е ПСЖ.

Од друга страна, се шпекулира кој ќе го замени Де Хеа меѓу стативите кај „црвените ѓаволи“, а според „Сан“, тренерот Оле Гунар Солшер планира да му даде шанса на резервниот голман Серхио Ромеро.

Аргентинецот во клубот е од летото 2015 година, а досега не доби вистинска шанса да покаже што знае. Сепак, и покрај тоа навивачите се разочарани поради наводниот избор на тренерот.