Навивачите на Јунајтед ќе бидат среќни: „Ѓаволите“ деновиве ќе објават радосна вест!

Англискиот великан Манчестер јунајтед наскоро ќе ги израдува сите свои навивачи, објавија дел од медиумите на Островото, потенцирајќи дека „црвените ѓаволи“ во следните денови ќе објават радосна вест дека актуелниот менаџер Жозе Мурињо останува на „Олд Трафорд“ и дека договорот со контроверзниот португалски менаџер е продолжен.

Мурињо има уште две години од договорот, но се шпекулираше дека можно е да биде прекинат, прво оради наводно незадоволство што скапиот тим за кој беа потрошени 300 милиони евра во последната година уште на полусезона ја загуби трката со градскиот ривал Манчестер сити, а и дека ПСЖ со многу богата понуда ќе се обиде да го донесе Португалецот на „Паркот на принцовите“.

Сепак, како што стојат работите управата веќе му понудила нов договор, а Мурињо истата ја прифатил и сега само се чека моментот, кога Манчестер јунајтед ќе ја обзнани веста на своите приврзаници.

Откако дојде на кормилото на најтрофејниот англиски клуб, Мурињо освои еден трофеј и тоа европски – Лига на Европа во минатата сезона.