Навивачите на Баерн го исвиркаа Ковач и тоа на – кошаркарски дуел!

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, ги поминува најтешките денови во тренерската кариера, откако лошо ја почна сезоната со Баварците.

Управата на Баерн има голема доверба во хрватскиот тренер, но навивачите не се задоволни од резултатите на клубот.

Ковач замина во Минхен да го гледа натпреварот помеѓу Баерн Минхен и Анадолу Ефес во Евролигата, а кога спикерот ги читаше имињата на присутните, Ковач доби големи свирежи.

Па така, Ковач за првпат доби свирежи од навивачите на Баерн, а доколку не ги подобри резултатите во блиска иднина, тогаш може да се очекуваат и подрастични мерки од управата и поголемо незадоволство од навивачите.