Навивачите на Арсенал бесни на Џака зашто го бранел нашиот Алиоски (ФОТО)

Мешаницата на крајот од вчерашната средба помеѓу Лидс и Арсенал (0-0), во која Киран Тирни тргна да се пресметува со нашиот Езџан Алиоски, по што тој беше заштитен од противничкиот фудбалер Гранит Џака, предизвика револт кај навивачите на „топчиите“, но и кај поранешни играчи на овој тим.

Македонскиот репрезентативец беше нападнат поради претходниот дуел со Николас Пепе, поради кој играчот на тимот од Лондон доби црвен картон. Меѓу тие што ја разбираат фрустрација на Тирни со Алиоски, но и со Џака е и поранешната легенда на Арсенал, Мартин Кион.

„Тирни сигурно се почувствува чудно бидејќи Џака имаше близок контакт со Алиоски на крајот. И јас би реагирал исто, ако мој соиграч беше така близок со непријателот“ , напиша меѓу другото поранешниот дефанзивец на составот од Лондон.

Социјалните мрежи се преполни со критики кон Алиоски од фановите на Арсенал, не можат да се помират со начинот на кој што нивниот фудбалер заработи исклучување на „Еланд Роуд“.