Навивачите можат да го мразат, но Нејмар повторно донесе победа за ПСЖ (ВИДЕО)

Нејмар сезонава одигра само два натпревари за ПСЖ во Лига 1 и на двата ги постигна победничките голови во финишот. „Светците“ минатото коло победија против Стразбур со голот на Нејмар во судиското продолжение, а Бразилецот вечерва беше стрелец на победничкиот погодок и на гостувањето кај Лион. 

Бразилецот изведе одличен дриблинг во шеснаесетникот на Лион и биеше прецизно во голот на Антони Лопез во 87-та минута. ПСЖ доминираше во текот на целиот натпревар и заслужено дојде до победата, бидејќи Лион постојано се бранеше без амбиции кон голот на Кејлор Навас.

ПСЖ е на врвот на табелата во Лига 1 со 15 бодови од шест натпревари, додека Лион е деветти со осум бодови.