Разочарување за навивачите: Јувентус нема да го носи Роналдо во Америка!

Актуелниот шампион на Италија, Јувентус, објави листа со фудбалери кои ќе патуваат на турнејата во Америка.

Многумина ги интересираше дали на турнејата ќе патува и Кристијано Роналдо, но такво нешто нема да се случи. Освен него, во Америка нема да патуваат Пауло Дибала, Гонзали Игуаин, Хуан Квадрадо, Родриго Бентакур и Даглас Коста.

Споменатите фудбалери би требало да се појават на тренинзи во Торино на крајот на месецов, додека Марио Манџукиќ, Марко Пјаца и Блез Матуиди ќе добијат слободни денови, зашто играа во финалето на Мундијалот.

Јувентус на Интернационалниот Куп во Америка ќе игра против Баерн Минхен, Бенфика и Реал Мадрид, како и дуел со ѕвездите од МЛС-лигата.