Навивачи на германски четвртолигаш најдоа начин како да го спасат клубот од банкрот

Локомотив Лајпциг се наоѓа во незавидна финансиска ситуација поради прекинот на фудбалот во Германија по пандемијата од коронавирусот. 

Четвртолигашот, кој во во 1987 година играше финале на Купот на победниците на Куповите против Ајакс и пред суспензијата на фудбалот беше во тешка финансиска криза, но сега кога не се играат натпревари истата се продлабочи.

Навивачите најдоа генијален план како да му помогнат на клубот за кој често знаат да кажат дека е единствениот вистински фудбалски тим во градот Лајпциг, обидувајќи се да го понижат сега многу пославниот Ред Бул Лајпциг, кој игра во четвртфиналето на Лигата на шампиони.

Клубот на интернет почна да ги продава билетите за натпреварите што Локомотив требаше да ги игра на домашен терен сезонава. Билетите чинат по симболично едно евра и се „продаваат како алва“. Досега се продадени 80.000 билети, односно 80.000 евра легнаа на сметка на клубот.